Османи: Сè уште не сме одлучиле да испратиме амбасадор во Москва!
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјавата на ВМРО-ДПМНЕ дека директорот на протоколот, кој си поднесе оставка, ќе оди како амбасадор во Москва, ја нарече лажна вест.
Според него, двата настани не се поврзани еден со друг.
– Требаше да испратиме амбасадор во Москва некаде на почетокот на годината, тој ги помина сите процедури, но потоа се случи агресијата во Украина и решивме да го спуштиме нивото на дипломатските односи со Русија и да не испратиме амбасадор, бидејќи тој беше надвор од функцијата, јас го поставив за директор на протокол и таа функција ја извршуваше до сега. На денот кога се случи тој инцидент, иако немаше директна одговорност, бев информиран и ми кажано дека под морална одговорност барам да ме разрешите од директорската позиција. Дали и кога ќе испратиме амбасадор во Москва, ова ќе биде политичка одлука во зависност од тоа како ќе оцениме, дека за ОБСЕ треба да имаме комуникација и со Руската Федерација, рече меѓу другото Османи по средбата со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…