Османи: Чаир 20 години е заробен од оние што ја задавија општината и не ѝ дозволија да дише

t

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера вечер ја нагласи историската важност на 19 октомври, нарекувајќи го „ден на политичка трансформација” и пресвртница што ќе ја определи иднината на општината, државата и нацијата.

„19 октомври ќе остане запишан во историјата како денот кој ја определил насоката на државата, на нацијата и на нашата општина”, изјави Османи, потенцирајќи дека секој граѓанин има одговорност да даде свој придонес во тој процес на промена.

Тој порача дека изборите на 19 октомври не се обично гласање, туку морална и човечка должност кон Чаир и неговите жители.

„Со едно излегување на избори, можеме да донесеме четири големи победи, победи што ќе влијаат директно на животот на граѓаните, на семејствата, на нашата општина и на државата која сите ја сакаме”, нагласи Османи.

Османи остро ја критикуваше владејачката структура во општината, опишувајќи ја како олигархија која владее однадвор и се збогатува на грбот на граѓаните, земајќи им ја водата, тротоарите, патиштата, здивот, воздухот.

„Чаир 20 години е заробен од оние што ја задавија општината и не и дозволија да дише. Општината од сервис за граѓаните е претворена во инструмент на една клика што се збогатуваше на нивна сметка”, рече Османи.

Во својот говор, Османи се осврна и на граѓанското незадоволство, опишувајќи го како „масовно чувство на фрустрација и востание”, што одблиску го видел при неговите редовни средби со граѓаните на Чаир, кои како што рече бараат промена.

„Оваа мисија на политичка трансформација, која од 19 октомври ќе отвори ново поглавје, нова ера за нашиот Чаир. За Чаир што нема да дозволиме повеќе да биде најнеуредената општина во градот Скопје”, порача Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Чаир 20 години е заробен од…

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар…

(Видео) Од изборите во Чаир ќе зависи…

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи,…

Османи нуди решение за хаосот во Чаир:…

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи,…

Османи ќе гради „Куќа на соживотот“ во…

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар…

Османи најави сет механизми за соживот и…

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар…