Османи нуди решение за хаосот во Чаир: Нови подземни гаражи со над 2.500 места

t

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, нуди решение за хаосот со паркирање во Чаир.

– Паркирањето е број еден проблем за граѓаните. Затоа ја претставувам мојата стратегија „Smart Parking“, решение што носи ред, а не хаос.

Краткорочно: ги решаваме најкритичните точки.

Среднорочно: нови подземни гаражи со над 2.500 места.

Долгорочно: „Чаир 2040“, целосна урбанизација.

Ќе изградиме 1000 места на „Џон Кенеди“, 500 во Стариот Чаир, подземни паркинзи на „Методија Митевски“, Саат Кула, „Лирија“ и „Скендербег“. Секое маало ќе има сопствени паркинг-зони за жителите, без уништување на зеленилото и јавниот простор.

Мојата обврска е да му ги вратам редот и достоинството на Чаир. Ова не е ветување на хартија, туку конкретен план за нов лик на нашата општина! – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…

ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…

Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…