Основачот на “Егзит” и “Си денс” ја покани финската премиерка “на журка”
Основачот на фестивалот „Си денс“, Душан Ковачевиќ, преку својот профил на Инстаграм ја покани премиерката на Финска, Сана Марин да дојде на годинашното издание на фестивалот и ја изрази својата поддршка во медиумската хајка што се крена изминатите недели, соопшти денеска фестивалот „Егзит“.
Во поканата до финската премиерка, Ковачевиќ изјави дека би сакал таа да го посети не само „Си денс“, туку и фестивалот „Егзит“ следниот јули, посочувајќи дека нејзината енергија и позитивен став се добредојдени на сите фестивали на „Егзит“.
Во соопштението се наведува и дека викендот на „Си денс“ е секако потопол од викендот во Хелсинки.
Исто така, се потсетува дека последните денови јавноста беше поделена во одобрување и осуда на објавеното видео на кое може да се види како финската премиерка се забавува и танцува со група пријатели и познати личности.
„За јавните личности границите на приватниот и јавниот живот се флуидни, но сигурно е дека имаат право и на слободно време, забава и убави моменти, кои на фестивалот ‘Си денс’ се загарантирани!“, се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…
Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…