Осомничен вработен во МВР, фалсификувал потврди за дарување крв за да добие 6 слободни денови

t

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: 15-годишник допирал 11-годишно девојче – со…

Сериозен случај на вознемирување на малолетно девојче…

Прегазени двајца велосипедисти

Двајца велосипедисти се здобија со тешки телесни…

Трактор сам се придвижи на бензинска во…

МВР информира дека вчера попладне во 12:30…

Две лица со автомобил се обиделе да…

Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…

Влегол во стан и се обидел да…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.К.(39)…