Остар пад на Волстрит пред извештајот за вработување во САД

На Волстрит, цените на акциите нагло паднаа во четвртокот бидејќи инвеститорите се несигурни пред објавувањето на извештајот за вработување во САД и поради тоа што банкарскиот сектор беше под силен притисок.
Дау Џонс се лизна за 1,66 отсто, на 32.254 поени, додека С&П 500 потона за 1,85 отсто, на 3.918 поени, а индексот Насдак 2,05 отсто, на 11.338 поени. Во исто време најмногу потона индексот С&П на финансискиот сектор, 4 отсто, што е последица на несигурноста на инвеститорите, откако СВБ Фајненшл Груп, голем доверител на технолошката индустрија, објави план за зголемување на капиталот за подобрување на билансот, која е под притисок од загуби и пад на депозитите.
Цената на акцијата на СВБ потона за 60 отсто, а цената на акцијата на Сигнатур Банк нагло падна, 12 отсто, откако нејзината подружница за криптовалути објави ликвидација, пренесува Хина.
Банкарскиот сектор веќе е под притисок бидејќи инвеститорите стравуваат дека агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД ќе доведе до рецесија, а со тоа и до загуби од банкарските заеми. Се проценува дека вработеноста во САД се зголемила за 205.000 во февруари Но, не само финансискиот сектор вчера беше под притисок, туку и сите останати затоа што инвеститорите не се подготвени да ризикуваат пред извештајот за вработување, кој ќе биде објавен во петок и кој би можел значително да влијае на насоката на пазарот.
Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека бројот на вработени во САД се зголемил за 205.000 во февруари, многу побавно од 517.000 во јануари. Сепак, низата неодамна објавени податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и потрошувачката, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…
Бајден одобри пакет воена помош за Тајван
Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…