Остра реакција од СДСМ, откако Коњановски ја назначни за в.д директорка наставничката што тепаше дете
Неспособен градоначалник или немање на квалитетен кадар на ДПМНЕ? Или и двете?
Изминатиот период сведоци сме на редица немили настани во битолското образование. Малтретирања на ученици од свои врсници и од наставници, неводење грижа за објектите на основните и средни училиштата, оглушување за барањата и потребите на наставниот кадар, па до “заглавување” на училиштата во долгови од над 48 милиони денари. Сето тоа е резултат на недомаќинското работење и лошото менаџирање на директорите поставени лично од градоначалникот, Тони Коњановски. – стои во објавата на Фејсбук на профилот на СДСМ Битола
Дури и изборот на вд директор во основно училиште во Битола, не може да помине без скандал. Коњановски за вд директор во ОУ Тодор Ангелевски назначи лице против кое се поднесени претставки до Државниот просветен инспекторат и МВР и кои допрва треба да се процесуираат. Ништо подобра не била и противкандидатката, поранешна директорка назначена од ВМРО-ДПМНЕ која зад себе оставила долгови.
Истиот тој градоначалник кој очигледно е неспособен да постави квалитетни кадри во училиштата, кој нема реализација на ниеден проект во образованието, уште помалку на некој од топ приоритетите, без срам бара втор мандат од битолчани. Но, битолчани се крајно разочарани од ваквиот однос и нема да дозволат истите неспособни кадри да го предводат градот во наредните 4 години! – стои во објавата на профилот на СДСМ Битола

Реакцијата на СДСМ Битола, следува по објавата на Инфомакс, а градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, веќе два дена не се јавува и не одговара на прашањата на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…