Остри реакции од Србија и ЕУ откако косовска полиција затвори српски пошти
Косовската полиција во понеделник затвори девет објекти на Пошта на Србија на северот на Косово.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани изјави дека се затворени три објекти на Пошта на Србија во Северна Митровица, три во општината Лепосавиќ, два во Звечан и еден во Зубин Поток.
Работник на поштата во Звечан кажал дека полицијата го блокирала влезот во објектот, по што никој повеќе не можел да влезе. Според него, за време на акцијата службениците проверувале документи.
Ељшани изјави дека акцијата почната по информации добиени од страна на Регулаторниот орган за електронски и поштенски комуникации дека стопански оператори работат на територијата на Косово без дозвола и без регистрација во Агенцијата за деловни регистри на Косово.
„Информацијата се покажа како точна, по што полицијата постапи по овластувања од државниот обвините“, кажа Ељшани.
Српска листа, најголемата партија на Србите на Косово, ја осуди акцијата на косовската полиција со оценка дека ги „крши договорите постигнати во Брисел во 2015 година под покровителство на Европската Унија“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека однесувањето на Курти е обид да предизвика воен конфликт организиран и со поддршка на одредени западни сили.
-Ние не сакаме војна, сакаме да го зачуваме мирот, но тој тоа го прави намерно, организирано и со поддршка на одредени западни сили. Соопштението на Надворешната служба на европската агенција е срамно и безобразно затоа што во тоа соопштение тие не повикуваат да разговараме повторно за едностраните потези на Курти, кои се инаку незаконски, истакна српскиот претседател во синоќешното обраќање до јавноста при обиколка на изградбата на Детската болница „Тиршова 2“.
Тој додаде дека „каква и да глупост направи Курти тие не повикуваа да разговараме за тоа што тој брутално го прекршил“
Вучиќ потсети дека од 2015 година постои договор за телекомуникациите „Пошта Србија“ и посочи дека овој договор е брутално прекршен.
Реакција испрати синоќа и американската амбасада во Приштина.
Според нив, американската влада е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани дејствија што вчера ги презеде косовската влада против филијалите на српската пошта на северот на Косово.
Тие ја повикаа Приштина да ги прекине сите натамошни еднострани дејствија и, како што рекоа, да се врати на конструктивен ангажман во дијалогот со поддршка на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.
Тоа е втора реакција на меѓународната заедница во врска со таа акција, а по претходното соопштение на ЕУ.
Во соопштението од Брисел се наведува дека ЕУ е подготвена да го вклучи ова прашање на дневен ред на следниот состанок во рамките на Дијалогот и оти очекува страните да развијат конструктивни идеи кои би можеле да послужат како основа за решение.
Тие ја повикаа косовската влада да ја преиспита својата одлука, наведувајќи и дека затворањето на филијалите на Пошта на Србија е унилатерален и некоординиран потег, како и кршење на договорот за телекомуникациите, бидејќи страните уште во 2015 година се договориле дека за поштенските услуги би се разговарало во „подоцнежна фаза“.
Припадници на косовската полиција вчера попладне влегоа во сите 9 објекти на Српската пошта на северот на Косово врз основа на барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остри реакции од Србија и ЕУ откако…
Косовската полиција во понеделник затвори девет објекти…
Камала Харис официјално претседателски кандидат на Демократската…
Потпретседателката на САД, Камала Харис, официјално стана…
Иран и Пакистан организираат состанок на муслиманските…
Иран и Пакистан свикаа итен состанок на…
Семејството од изгорениот автомобил кај Гевгелија се…
Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија…
Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани…
За таа цел во воздухопловната база во…