Осудениците ќе учат земјоделие, на затворските одделенија ќе им се додели земјиште за обработка
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска потпиша Меморандум за соработка со В.Д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Меморандумот за соработка има за цел да воспостави тековна соработка помеѓу двете институции за обезбедување на земјоделско земјиште во државна сопственост за вршење на земјоделска дејност од страна на стопанско-инструкторските одделенија формирани во рамките на секторите за ресоцијализација во состав на казнено-поправните установи.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор во процесот на ресоцијализација и професионална обука на осудените лица, овозможувајќи им да стекнат практични вештини во земјоделството.
Соработката ќе придонесе за подобрување на условите за ресоцијализација и подготвување на осудените лица за успешно враќање во општеството по извршувањето на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осудениците ќе учат земјоделие, на затворските одделенија…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан…
(Видео) Хаос во Непал запалени домовите на…
Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли,…
Див Запад: Украдени две бронзени бисти од…
Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје,…
Ново поскапување: Бензините и дизелот поскапуваат
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Запален стан на поранешен висок полициски функционер
Инфомакс дознава дека во текот на минатата…