Ново поскапување: Бензините и дизелот поскапуваат
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,245 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.09.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,148 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…
(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…
Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…
Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…
Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…