Откако на Тито му ја ампутирале ногата, неговото тело забрзано почнало да пропаѓа: Кога починал, ова биле работите кои ги криел во својот сеф

t

Јосип Броз бил во добра здравствена состојба и оваа информација била пласирана во јавноста, иако тој бил во деветтата деценија од животот и со години имал дијабетес, поради што примал инсулин.

Тито во седумдесеттите години од минатиот век постојано бил придружуван од 6 лекари, кои непрестајно дежурале покрај него.

На 25 декември 1979 година, доктор Миломир Станковиќ забележал дека стапалото на левата нога на Тито е бледо, студено и помодрено. Утврдено било дека е затнат голем крвен сад во феморалната артерија кој има улога да ја храни ногата.

Тито на почетокот го избегнувал конзилиумскиот преглед, но по силните болки во ногата се согласил. Бидејќи маршалот одбивал ампутирање на ногата, одлучено било да се третира со лекови.

Сè почесто чувствувал болки во ногата, што го спречувало да спие ноќ.

Бидејќи терапијата со лекови не успеала, Тито бил убеден да прифати операција, но нагласил дека ампутација на ногата не доаѓа предвид.

Маршалот бил опериран во Клиничкиот центар во Љубљана. Бајпасот кој бил поставен во ногата брзо се затнал, предизвикувајќи пропаѓање на ткивото на левата нога.

По операцијата, здравствената состојба на Тито се влошила. Прво, тој кренал температура, додека во белите дробови му се насобрала вода. По 8 дена неговата состојба се подобрила и тогаш лекарите му соопштиле дека е неопходна ампутација на ногата.

Во разговорот со лекарите Тито и самиот рекол како сфатил дека операцијата била неуспешна, па се согласил на ампутација. Новата операција завршила со ампутација на левата нога, високо над коленото, на 21 јануари.

По оваа операција Тито брзо закрепнал, бил префрлен на болничко лекување, од Германија била нарачана протеза, како и моторизирана инвалидска количка. Но, тогаш неговото здравје почнало да се влошува. Прво му откажале бубрезите, а потоа добил и пневмонија.

Тито секојдневно бил на дијализа, но тоа не му помогнало. Почетокот на февруари дошло до мозочно крвавење, а на 13 февруари паднал во церебрална кома.

Органите полека откажувале и Тито починал на 4 мај 1980 година во 15:05 часот.

Истиот ден кога починал Јосип Броз, била направена и обдукција.

„По шест часа работа го завршивме последниот чин од тогашната голема драма на голема Југославија. Откако заврши обдукцијата, отидовме на Брдо кај Крањ, се истуширавме, си ги собравме работите и се упативме кон Љубљана, каде „Синиот воз“ веќе беше спремен.

Слушнав дека неговото тело прво бил ставен во лимен, а потоа во тежок, претежок ковчег од дабово дрво“, изјавил д-р Лалевиќ, сведок на овој настан.

Потоа, ковчегот бил преместен во Белград, каде што започнал погребот.

Сефот на Јосип Броз Тито тогаш бил запечатен и чуван 33 години.

Комисијата која го отворила открила и тајна чувана 33 години, а која ја криел Јосип Броз Тито.

Меѓу другото, таму имало син сафир кој наводно припаѓал на кралската династија Романови од Русија, медал што им припаѓал на Караѓорѓевиќ и други скапоцености.

„Имаше многу богатство во тој сеф. Имаше уникатни ѓердани и накит кои припаѓаа на семејството Караѓорѓевиќ“, рече еден од членовите на комисијата.

Еве што било пронајдено:

– 29 366 килограми злато во прачки и прав;

– 1.271 парчиња нумизматички пари;

– 2.663 златници и дукати;

– 26.219 американски долари;

– 149 парчиња накит (припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ);

– 36.000 германски марки;

– синиот сафир на Романови;

– 83 парчиња манжетни за ракави, кутии цигари, медалјони, приврзоци и значки;

– 18 комплети сребрени садови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…