Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите
Откако родителите набавија школски прибор, Мицкоски ќе ги замрзувал цените на моливите, реагираат од СДСМ по денешната изјава на Мицкоски.
– Мицкоски со денешната изјава дека на утрешната седница на Владата ќе се разгледувала можност за замрзување на цените на школските прибори, потврди дека е целосно одлепен од реалноста и си поигрува со граѓаните. Дали Мицкоски знае дека е почната школската година и дека родителите веќе ги набавија сите потребни материјали и прибор за своите деца?
Не е за верување обидот на Мицкоски да ги изманипулира родителите дека ете Владата нешто ќе помогне за учениците. Платите не ги покачува, цените на прехрамбените производи не ги замрзува, но ќе ги замрзен цените на школскиот прибор кој е веќе набавен од мнозинството ученици и родители. Ова е потсмевање на маката на родителите и ништо друго.
Додека соседните Србија и Црна Гора ги замрзнаа цените на прехрамбените производи, Мицкоски го уништува стандардот на граѓантие за да им угоди на компаниите. Не е ни чудо што наши сограѓани веќе патуваат за Србија за да набават основни производи за прехрана. ВМРО-ДПМНЕ секој ден докажува дека економската состојба и стандардот на граѓаните само ќе се влошуваат од ден во ден. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…