Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа

t

При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, екипи на Електродистрибуција пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.

„Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.

Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.

Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Електродистрибуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриена голема кражба на струја во центарот…

При техничка контрола во станбена зграда која…

Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст…

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според…

Герасимовски: Хигиената во Скопје е катастрофа, Центар…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Две лица се уапсени за кражбата во…

Две лица се уапсени за кражба на…

Ѓорѓиевски: Oдговорно тврдам – градот ќе биде…

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од…