Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа
При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, екипи на Електродистрибуција пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.
„Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.
Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.
Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Електродистрибуција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
NBC News: 6,3 милијарди долари украдени од…
Криптоактиви во вредност од околу 6,3 милијарди…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…