Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино

t

При претрес во Неготино, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци.

Како што информираат од МВР, вчера (23.10.2025) во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.П.(38) од Неготино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена била импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.

„Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Додека, од судија на претходна постапка, определена му е мерка притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога…

При претрес во Неготино, откриена е импровизирана…

Трајковски: Ова не е случајна катастрофа, туку…

*Фејсбук објава на професорот Дејан Трајковски Градот…

„Супорт Кочани“: Новата директорка на кочанската болница…

Претставниците на „Супорт Кочани“, здружението кое се…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Касами иако…

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во телевизиско…

Чарлс Трети го угости Зеленски во замокот…

Кралот за прв пат организираше церемонијален пречек…