Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино

t

При претрес во Неготино, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци.

Како што информираат од МВР, вчера (23.10.2025) во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.П.(38) од Неготино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена била импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.

„Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Додека, од судија на претходна постапка, определена му е мерка притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фарс: Трамп бил вклучен во план за…

Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…

Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…

Американските власти откриле дека хакери успеале да…

Да не го мислите тука е: Ким…

Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…