Објавено на:

Откриена позадината на инцидентот што ќе предизвикаше директен конфликт помеѓу НАТО и Москва

t

Pилот на борбениот авион „су-27“ лансирал два проектила на RC-135 Rivet Joint, надгледувчки авион, на 29 септември минатата година, при што првиот проектил го промашил британскиот авион, наместо тоа, дека дошло до дефект, како што тогаш тврдеше Русија. Меѓутоа, сега се покажа дека се случило нешто поинаку.

Во тоа време, британскиот секретар за одбрана, Бен Валас, го призна инцидентот говорејќи пред парламентот дека два руски авиона невнимателно се приближиле на пет метри од британскиот авион – со 30 члена на екипажот – и еден фрлил проектил во близина.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за состојбата обвини дефект, а Валас, по разговорот со други претставници на руската одбрана, го прифати објаснувањето и повлече линија под инцидентот.

Но, сега три високи западни извори од одбраната со знаење за инцидентот за Би-би-си изјавија дека руските комуникации пресретнати од извидувачки авион на британското воено воздухопловство покажале дека еден од руските пилоти мислел дека добил дозвола да го гаѓа британскиот авион.

Тоа беше откога тој добил двосмислена команда од руска копнена станица, велат изворите.

Друг руски пилот мислел поинаку и опцул својот другар кога го лансирал својот прв проектил ,кој опасно се приближил до извидувачки авион на РАФ.

Според член 5 од основачкиот договор на НАТО, земјите членки се согласуваат дека вооружениот напад врз еден или повеќе од нив „се смета за напад врз сите“.

За време на војната во Украина имаше неколку инциденти меѓу авионите на руската армија и НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…