Откриено спомен обележје во Куманово во чест и вечен спомен на осумте загинати припадници на МВР во кумановско „Диво Насеље”
Денеска во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување, во кругот на СВР Куманово беше откриено Спомен обележје во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, а во одбрана на Куманово и на татковината.
По откривањето на спомен обележјето од страна на министерот Оливер Спасовски делегациите и присутните оддадоа почит кон загинатите припадници на македонската полиција и положија свежо цвеќе на Споменикот подигнат во нивна чест и сеќавање.
Во своето обраќање пред присутните, министерот Спасовски потсети на кумановските настани од 2015 година.
„Никогаш нема да се заборави оној кобен мај 2015 година, кога осуммината припадници на МВР овде, во Куманово, го покажаа врвот на патриотизмот, жртвувајќи ги своите животи во вооружениот терористички напад во ,,Диво насеље”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека ништо не е исто после тој ден, за семејствата, за другарите и колегите од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од Единицата за брзо распоредување чии припадници беа.
„Бидејќи болката никој не може да ја залечи, а длабоката почит кон нив останува засекогаш. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се нашите херои кои го дадоа својот живот за нешто поголемо од себе. А нема ништо поблагородно од жртвувањето на животот за својата татковина. И знам дека ова знаме на јарболот, наше, македонско не се вее од ветрот, туку од последниот здив на секој наш припадник кој загинал, чувајќи го!”, рече министерот Спасовски, потенцирајќи дека спомен обележјето е направено заедно со Македонскиот Полициски Синдикат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…