Откријте кои се петте најлоши машки хороскопски знаци

t

Постојат мажи со ужасни карактери, кои поради нивниот темперамент и недостатокот на чувство за такт им создаваат многу маки на своите партнерки. Дознајте кои се петте најлоши хороскопски знаци со кои треба да сте многу внимателни.

Скорпија

Скорпијата е кралот на најтешките карактери. Овој знак зема се што сака и кога сака, без да се усогласи со никого.Има жесток јазик, големо его и ниту грам желба да отстапува од своите намери. Знаат да бидат многу лоши кон партнерот – злобно љубоморни, опседнати и безмилосни. Со огромно задоволство го казнуваат партнерот. Често се однесуваат кон луѓето како кон свои предмети.

Овен

Конфликтна, импулсивна и бескрупулозна личност. Мажот Овен не мисли за последиците и може да истрела 10 погрдни зборови во секунда и да те сруши психички само за ден. Воопшто не му е гајле за мислењето на луѓето, бидејќи тој е секогаш во право, а другите … другите не го разбрале, или едноставно грешат. Има огромни барања за сè и кон секого. Тој нема да пројави желба да разговарате со него за било каков проблем. Да се разбереш со Овен е многу тешка задача. А дури и да успееш, мирот ќе продолжи максимум 2-3 дена. Потоа тој повторно тргнува со роговите напред во потрага по нова жртва која начесто е неговата животна сопатничка.

Јарец

Мажите Јарци се исклучително независни. Храбри се и ги бранат своите ставови до крај. Воопшто не се загрижени дека може да тргнат против нив сите останати. Тврдоглави се и навистина е тешко да ги натерате да направат нешто што не го сакаат. Тој ги презира лугето посебно оние што не се на негово ниво.

Риби

Претставниците на хороскопскиот знак Риби се посебни мажи. Тие имаат силно развиена интуиција, но понекогаш паѓаат во таква кома што не слушаат во неа никого и ништо. Водени се од една претерана сомнежливост. По карактер се бунтовници, имаат свое мислење за сè и ако една жена се обиде да ги побие, може и да ја загуби нивната љубов. Мажите Риби или прифаќаат безрезервно една жена, или ја отфрлаат категорично. Со нив е тешко да се создаде само пријателство.

Стрелец

Мажот Стрелец е романтичен идеалист, кој обожава да го владее светот. Овој маж е одличен, само што не сака да си седи дома и од 12 месеци во годината може да ја топли брачната одаја најмногу два, три месеци. Барем ако зависеше од него, тој не би се откажал и од неговата омилена сопруга и од трите уште поомилени млади љубовници. Слободољубиви и авантуристички настроени, вечен патник, овој маж сака жена која ќе го разбира и прифаќа. Ако сакате маж за сериозна врска, Стрелецот категорично не е за вас. Тој ја цени високо својата слобода и ќе ја почитува само партнерката која со сигурност нема да му ја одземе. Сепак, не смеете да заборавате дека мажот Стрелец сака да љуби, но може да се премисли буквално за една минута, ако му текне “подобра идеја”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…

Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

Еве зошто Мицкоски и Владата не смееа…

Експерт откирва, Вјоса Османи ги прекршила сите…

(Видео) Пожарот кај Негорци е ставен под…

Пожарот кај Негорци е ставен под целосна…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…