Откупот на тутун никако да започне, производителите се нервозни

t

Дури осум од десетте компании што откупуваат тутун сѐ уште не почнале со откупот. На теренот се само Прилепскиот комбинат и малата компанија „Кавекс“ од Неготино, јавува МИА.

Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека „не знаат зошто откупувачите молчат и тактизираат“.

– Досега никоја од компаниите не известила кога ќе почне со откупот, ниту знаеме зошто молчат и тактизираат. Тутунарите почнуваат да се прашуваат што се случува, се создава притисок, неизвесност- вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Од Министерството за земјоделство потврдуваат дека за денес закажале состанок со компаниите за откупот на тутунот.

Откупувачите ја користат законските можност – имаат рок до 15 декември да ги отворат пунктовите. Токму поради ова земјоделците бараат законските измени за прецизен датум за почеток на откупната кампања.

– Сакаме во Законот за тутун да го внесеме првиот и последниот ден на почеток и крај на откупот. Односно, откупот на тутунот да почне на 1 декември и да трае до 28 февруари. Досега е дадена можноста компаниите да може да почнат од 15 ноември и со краен рок да ги отворат пунктовите до 15 декември. Вака компаниите тактизираат со почетокот на откупот – објаснува Ристески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 9 лица, меѓу нив и малолетник,…

Полицијата и државниот пазарен инспекторат затекнаа неколкумина…

СДСМ: Откупот на тутун на терен се…

СДСМ води вистинска грижа за тутунарите, го…

Ковачевски: Откупот на тутунот со највисока просечна…

 Постигната е највисока откупна цена на тутунот…

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно во…

Тргнете ја политиката од земјоделството, посебно сега,…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницираат законски промени:…

Градоначалниците од регионите во кои се одгледува…