СДСМ: Откупот на тутун на терен се одвива непречено, по зголемена ценa
СДСМ води вистинска грижа за тутунарите, го почитува и вреднува нивниот труд и мака. Откупот на тутун на терен се одвива непречено, по зголемена цена, соопштуваат од СДСМ.
„Зголемената откупна цена на тутунот од 365 денари по килограм ја следат откупувачите, кои до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите, кои се однесуваат на целокупната количина предаден тутун.
Заедно со субвенцијата зголемена за 20 денари, на 100 денари по килограм, вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар.
Тутунарите се задоволни, имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона, но и други мерки за поддршка на тутунарите.
Креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по хектар.
Дополнително, тутунарите за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.
Со СДСМ тутунарите добиваат повеќе“, стои во соопштението на партијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…