Официјални состави: Пелистер вечерва му се спротивставува на Колштад

t

Актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер, ја започнува авантурата во Лигата на шампионите и во премиерниот натпревар ќе се сретне со норвешкиот претставник, Колштад. 

Битолчани излегуваат на мегдан со силен противник, но шансите за позитивен резултат секогаш постојат и сигурно нема да се појават на теренот со „бело знаме“, иако Колстад ја има фаворитската улога во пресрет на натпреварот. 

Пелистерци ќе го имаат на располагање скоро најсилниот состав, а на списокот од шеснаесет ракометари ги нема само Марко Кизиќ и браќата Атанасијевиќ. Во гостинскиот табор ќе недостасува само норвешкиот репрезентативец, Маркус Род. 

Еурофарм Пелистер ќе го пречека Колштад во пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“. Битола се подготвува за ракометен спектакл, а домашниот тим сигурно ќе има огромна поддршка од „Чкембарите“ и од сите останати навивачи. 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…

На почетокот од 59. минута од вечерашниот…

Трамп забрани трансродови лица да учествуваат во…

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба…

Франција и Германија ќе бидат домаќини на…

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…

(Фото) Снежна бајка на Пелистер

Снегот го побели врвот на Пелистер. Ова…

Спектакл во Битола: Пелистер и Вардар ќе…

Утре од 19:00 часот на Тумбе Кафе…