ОФИЦИЈАЛНО: Алијанса влегува во Владата со три министри и две заменик-министерски места!
Претседателот на АЛијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција соопшти дека Алијанса за Албанците официјално влегува во Владата.
– Денеска организиравме и референдум во партијата и добивме фидбек дека добро е Алијанса да биде дел од Владата, исто така и повеќето членови на централното претседателство да бидеме дел од Владата со два заменици-министри за одбрана и за земјоделство и три министерства правда и здравство се сигурни и третото ќе биде или министерство за информатичко општество или заменик-премиер за економски и стопанствени прашања.
За кадровските решенија сега ќе продолжи централното собрание и ќе разговараме, а утре ќе ги потпишеме синхронизираните програми, а утре може ќе ги кажеме конечните имиња на министрите и замениците министри, истакна Таравари.
Инфомакс претходно ексклузивно објави дека Алијанса ќе ги добие министерските места за здравство и правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…
Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на…
Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…