Официјално, почна процесот: Ова е групата која ќе ги подготвува уставните измени, во неа се Ружин, Мираковска, Спасов…

t

До Министерството за правда, до истекот на рокот (10.04.2023) се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

Цветанка Иванова-СДСМ

Арбр Адеми-ДУИ

Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците

Соња Мираковска-НСДП

Нано Ружин-ЛДП

Христа Најданов-ДОМ

Темелко Ристески-Партија на пензионери

Раметула Куќи-ДПА

Еран Куртиш-Партија за движење на Турците

Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците

Пристигнати предлози од институции:

Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Македонија

Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања

Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи

Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.

Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Официјално, почна процесот: Ова е групата која…

До Министерството за правда, до истекот на…

Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…

Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…