Охридскиот рамковен договор ни остави обврска да ги насочуваме младите кон меѓусебно разбирање

t

Охридскиот мировен договор е меѓник во развојот на Република Македонија, симбол на демократските стремежи и патоказ кон просперитетна иднина на нашата заедничка татковина, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири, упатувајќи честитка по повод 21 година од потпишувањето.

Шаќири посочи и дека реформите, кои се прават во соработка со сите релевантни меѓународни организации и институции, ќе ја постигнат целта – „нашите млади генерации, од одделение во одделение, постепено но континуирано, да се градат како индивидуи кои се солидарни, ги почитуваат различните од себе и работат на лична реализација не повредувајќи ги другите“.

„Само ова е вистинскиот начин доколку сакаме нашата држава да ја поставиме на развој, раст и унапредување. Одбележувајќи ја годишнината од потпишувањето на Договорот, потсетуваме на големата обврска што тој ни ја остави – заедно да работиме на создавање демократска и функционална држава што сите кои живеат во неа ќе ја чувствуваме како своја. Со темелните промени кои ги правиме во образованието, младите ги насочуваме кон меѓусебно разбирање, толеранција и мултикултурализам, како темелни граѓански вредности“, нагласува Шаќири во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…