Охридскиот рамковен договор ни остави обврска да ги насочуваме младите кон меѓусебно разбирање
Охридскиот мировен договор е меѓник во развојот на Република Македонија, симбол на демократските стремежи и патоказ кон просперитетна иднина на нашата заедничка татковина, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири, упатувајќи честитка по повод 21 година од потпишувањето.
Шаќири посочи и дека реформите, кои се прават во соработка со сите релевантни меѓународни организации и институции, ќе ја постигнат целта – „нашите млади генерации, од одделение во одделение, постепено но континуирано, да се градат како индивидуи кои се солидарни, ги почитуваат различните од себе и работат на лична реализација не повредувајќи ги другите“.
„Само ова е вистинскиот начин доколку сакаме нашата држава да ја поставиме на развој, раст и унапредување. Одбележувајќи ја годишнината од потпишувањето на Договорот, потсетуваме на големата обврска што тој ни ја остави – заедно да работиме на создавање демократска и функционална држава што сите кои живеат во неа ќе ја чувствуваме како своја. Со темелните промени кои ги правиме во образованието, младите ги насочуваме кон меѓусебно разбирање, толеранција и мултикултурализам, како темелни граѓански вредности“, нагласува Шаќири во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…