Очекуваме намалување на цената на струјата од јули, рече министерот за економија
Согласно домашните капацитети за производство на електрична енергија и анализите од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите, кажа министерот Бектеши.
За кризната состојба во енергетскиот сектор која што трае до крајот на април, министерот Бектеши кажа дека цента на нејзиното прогласување е да се влијае во делот на цената на електрична енергија и во ликвидност на ЕСМ.
Целта на кризната состојба е Владата да има директни механизми да влијае кај енергетските компании за нивната ликвидност и да креира мерки како што е мерката за повластена цена на компаниите, кажа министерот Бектеши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…