Оштетените штедачи од Еуростандард банка очекуваат неселективен пристап од граѓанскиот суд

t

Соопштението до медиумите на здружението на оштетени штедач во Еуростандард банка: „Статусот на Фондот за осигурување на депозити како доверител во стечајна постапка на банка не е дефиниран во ниту еден закон. Дури и во статутот на Фондот, неговиот интерен акт донесен од Управниот одбор на Фондот, на којшто се повикаа судовите и решија дека Фондот е доверител во стечајна постапка на банка, во него стои дека статутот треба да биде во согласност со закон, а таков закон нема. Поточно, имаше член 163 став 3 од Законот за банки, но сега и таа одредба ја нема во законот.

Ниедна инстутиција до сега не одговори врз основа на кој материјален закон Фондот за осигурување на депозити е доверител во стечајната постапка за Еуростандард банка. Нема одговор ниту од Македонската банкарска асоцијација (МБА) која застана во одбрана на Фондот за осигурување на депозити и нејзиното место во наплата на насобраните парични средства од стечајната маса на Еуростандард банка. Здружението „Правда за штедачи“ се надеваше дека оваа банкарска асоцијација има и експерти кои можат да одговорат на ова прашање, кога веќе јавно повикуваат дека треба да се почитуваат законите и правниот систем. Ние, од Здружението „Правда за штедачи“ постојано повикуваме за почитување на правниот систем и доследно спроведување на законите, но еве не добиваме одговор на основното прашање односно врз основа на кој материјален закон Фондот е доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка. Бидејќи не добивме одговор, очекуваме Судскиот совет да се произнесе по нашето барање за утврдување на одговорност поради несовесно и нестручно постапување на судиите кои одлучувале по овој предмет.

И додека Судскиот совет размислува што ќе прави и како да одговори на нашето барање за утврдување на одговорност на судиите, ние сме исправени пред уште една препрека во докажување на правото. Откако се укина членот 163 став 3 од Законот за банки, местото на Фондот во исплатниот ред од стечајна маса на банка не е дефинирано во ниту еден закон. Го нема. Но, бидејќи судовите одлучија да употребаат посебна (sui generis) законска суброгација врз основа на Законот за облигациони односи и го одредија Фондот како понатамошен доверител во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме Основниот граѓански суд и Апелациониот суд од Скопје да бидат доследни во користење на истиот тој закон според којшто е направен планот за авансна распределба, донесен од Одборот на доверители на Еуростандард банка во стечај.

Инсистираме на доследна примена на законите. Очекуваме дека Основниот граѓански суд Скопје нема да има селективен пристап кога ќе одлучува, поточно, очекуваме потврда на планот за авансна распределба. Имено, како што Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје направија се само Фондот за осигурување на депозити да не го загуби статусот на доверител преку примена на измислена sui generis законска суброгација, тогаш, според истиот тој принцип, треба да биде применет институтот „суброгација” и при утврдувањето на исплатниот ред на Фондот за осигурување на депозити во авансната распределба на средствата од стечајната маса на Еуростандард банка. Бидејќи Фондот, според законот, и според дејноста регистирана во Централниот регистар, е изедначен со осигурителните друштва и за него треба да важат истите правила при случување на ризичен настан како и за осигурителните друштва. Токму таков ризичен настан е стечајот на Еуростандард банка и правилата за суброгација што важат за осигурителните друштва, во стечајната постапка за Еуростандард банка, треба да важат и за Фондот за осигурување на депозити.

Очеуваме Основниот граѓански суд Скопје да ја потврди заштитата на јавниот интерес односно да нема селективен пристап кога ќе одлучува и да го потврди планот за авансна распределба донесен од Одборот на доверители на Еуростандард банка во стечај. Тоа е единственото праведно и законито решение со коешто целосно се решава судбината на најмалку 3.000 оштетени семејства на граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка.“ – Пишиува во соопштението на оштетени штедачи од ЕСБ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Левица: Нема термини за прегледи за рак…

Алармантната состојба во здравството, поради катастрофалните политики…