ОЈОГОКК ќе го истражува случајот со обезбедувањето на Мицкоски кој тепаше полицајци

t

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го презема случајот за тепањето на полицајци од страна на, сега вече поранешниот член на обезбедувањето на Мицкоски, дознава Инфомакс.

Списите по предметот од ОЈО Скопје биле доставени до ОЈОГОКК, по што од овој момент гонење на организиран криминал ќе продолжи со понатамошно постапување по случајот.

На снимката објавена во медиумите се гледа како Ивица Б., член на обезбедувањето на Мицкоски, и Влатко Г., полицаец од ЕНТ, кој е на служба таа вечер, првично разговараат во внатрешноста на објектот, па како Ивица го истуркува Влатко надвор, каде што во еден момент и го удира со тупаница, а потоа и му се обраќа мавтајќи со прст кон него, објави 360 Степени.

Снимките од безбедносните камери од познатиот скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.

На почетокот на видеото се гледа како Ивица Б. (облечен во црна блуза) и Влатко Г. (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот.

За кратко време Ивица Б. почнува да го турка Влатко Г. и го изнесува надвор од објектот, каде што туркањето продолжува.

Притрчуваат други припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, и се обидуваат да ги раздвојат, но Ивица Б. во еден момент замавнува со левата рака и со тупаница го удри Влатко Г. во главата.

По ова, се гледа како Ивица Б. продолжува да му се обраќа на Влатко Г. и да мавта со прст кон него оставајќи впечаток дека му се заканува. Во еден момент повторно го удира по рацете.

Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот, пишува 360 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…