ОЈО бара притвор за еден од пукачите кај плоштадот Скендербег!

t

„Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, соопшти попладнево Обвинителството, додавајќи дека бара притвор за 40-годишниот осомничен, како и за неколкумина други учесници во вчерашните инциденти.

„Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух“, велат од Обвинителството.

„За две други лица, пак, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Првиот од нив, на возраст од 18 години, е осомничен дека на 5 јули, за време на протестите пред објектот на Собранието, учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што подготвил „молотов коктел“ во стаклено шише кое го наполнил со бензин, му ставил парче ткаенина и го запалил. Шишето го дал на друг учесник во толпата, кој го фрлил кон поставениот кордон од полициските службеници за обезбедување на јавниот ред и мир пред зградата на Собранието. Скопјанец нa возраст од 22 години, пак, за време на протестите пред Собранието на 6 јули, исто така учествувал во толпа која сторила кривично дело – насилство, така што од својот ранец извадил камења и запалки, со кои во неколку наврати фрлал кон зградата на Собранието и кон кордонот од полициски службеници. Притоа бил повреден еден полициски службеник“, се вели во соопштението.

Оценувајќи дека постои опасност тројцата осомничени да се дадат во бегство и можност да го повторат делото што им се става на товар, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлози за определување притвор.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…

По информациите во јавноста дека на Институтот…

„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…

В.д директорт на Управата за извршување на…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…

Јанушев повторно ги крие бугарските фирми од…

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, повторно…