Објавено на:

ОЈО бара притвор за човекот кој со нож го нападна братот на обвинителот Ајро

t

Основното јавно обвинителство соопшти дека побарало притвор за жител на Велешта кој вчера со нож го нападна  началникот на Полициската станица – Струга.

Од Основното јавно обвинителство Струга информираат дека донеселе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство во обид според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19  од Кривичниот законик.

„Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши јавни овластувања – началник на ОВР Струга. Додека оштетениот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат. Оштетениот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи“, соопшти ОЈО Струга.

Според Обвинителството оштетениот влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот.

„Нанесената расеќеница била со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри. Веднаш потоа избегал од местото на настанот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, можност да влијае врз оштетениот и сведоците, како и да го доврши обиденото кривично дело“, соопшти ОЈО Струга.

Повеќе за настанот може да прочитате на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…

По информациите во јавноста дека на Институтот…

„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…

В.д директорт на Управата за извршување на…

Брука: Деца и родители се тепале во…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…