ОЈО ги повикува пациентите од Онкологија да ја раскажат нивната приказна: “Не молчете!” – Еве како може да ги контактирате!

t

„На денешната средба на која што бевме примени од Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот, Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство имавме информативен разговор. Ги дадовме односно ги кажавме нашите барања, кои и сите вие можете да ги прочитате на оваа слика“ соопштија денеска онколошките пациенти.

Тие порачаа „Бевме, разговаравме, се обидовме да ги пренесеме сите ваши стравови, маки и проблеми, барем оние кои ние ги знаеме. Посочивме кои лекови ние знаеме дека недостасуваат на онкологија и кои недостасувале во минатото (од вас пациентите кои не сте ги примиле) посочивме дека истрагата мора да биде длабока, детална и да се врати години наназад“.

Пациентите во соопштението велат „од нивна страна ни беше кажано дека на предистрагата работат двајца јавни обвинители истовремено поради обемот и сериозноста на случајот. Добивме апел кој треба да го слушнат сите онколошки пациенти, не молчете сега е вистинскиот момент да ја кажете вашата приказна, вашата мака“.

Испратија повик:

„ОТВОРЕНО ВЕ ПОВИКУВАМЕ!! НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, НЕМАТЕ ОД ШТО! ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ, ДОЈДЕТЕ НА СЛЕДНАТА СРЕДБА, СПОДЕЛЕТЕ ЈА ВАШАТА ПРИКАЗНА; ДАДЕТЕ ЛИЧЕН ДОПРИНОС) воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата.

Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ќе бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен обвинител или преку електронска пошта [email protected]

Ве молиме правете го тоа масовно сите кои имате и сакате оваа истрага да има вистинска разрешница, да имаме крај на се ова што се појави во јавноста како информација дека се случувало на Онколошката клиника

Се гледаме вечер во 19h пред ОЈО“ велат пациентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и двајца синови обвинети за намерно…

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од…

Татко и два сина осомничени за намерно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…

По информациите во јавноста дека на Институтот…