ОЈО не планира да гони никого за прикривање на убиството на Тот? Бубевски вели се работи за сплет на околности
Додека јавноста бара одговори на милион прашања поврзани со смртта на ракометарот на Бутел Денис Тот, ОЈО нема да поведе постапка кој и зошто се обиде да го сокрие убиството. За обвинителот Гаврил Бубевски тоа што медицинските лица не ги забележале повредите по телото на ракометарот е сплет на околности при брзиот прием поради тешката состојба на Тот.
Но, во никој случај нема сомневање дека некој сакал да го прикие случајот дека станува збор за убиство, вели за Канал 5 обвинителот Гаврил Бубевски.
И како само Бубевски да е толку сигурен дека „немаме случај“. Понатаму, како и за хрватските, така и за македонските медиуми Бубевски лежерно објаснува дека „едноставно на прв поглед не процениле дека се работи за насилие“ и „така процениле дека се работи за некаква природна состојба која треба да се лекува“.
Едноставно кога го примеле во болницата на прв преглед не процениле дека се работи за насилие извршено врз човекот и така процениле дека се работи за некаква природна состојба којашто треба дас е лекува, после тоа се утврдува од како почина човекот дадена е наредба за обдукција преземени се дополнителни мерки обезбедени се камери за да се покрие целиот настан да се види целата ситуација и утврдено е дека се работи за кривично-правен настан. Кое едно лице е нападнато и за жал на крај е со смртни последици, објаснува Бубевски за Канал5.
Иако првично медиумите јавија дека ракометарот на Бутел бил претепан, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова тврдеше дека немало видливи траги на телото на сега починатиот. Нејзината изјава ја потврди и МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…
„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…
В.д директорт на Управата за извршување на…
ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…
Волкот го менува влакното, но не и…
Јанушев повторно ги крие бугарските фирми од…
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, повторно…