ОЈО: Обдукцискиот наод за убиената Вања Ѓорчевска не е финализиран
Обдукцискиот наод за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сè уште не е финализиран. Од Обвинителството велат дека се во постојана комуникација со судска медицина.
Предметот за двојното убиство е во фаза на истрага. Под лупа се дејствијата на сите инволвирани, секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои потоа се споредуваат. По неколкуте сензационалистички текстови кои беа објавени од медиуми во соседството, а беа пренесени и кај нас, обвинителството апелира во оваа фаза, кога е во тек истрага, да не се шират непроверени информации кои може да и наштетат на постапката и дополнително да ја вознемират јавноста.
Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27-ми и 24-ти ноември, а на 3-ти декември беа пронајдени мртви. Досега се осомничени шестмина. За првоосомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадиција од Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…