ОЈО отвори истрага за ортакот на Александар Николоски, Ивица Георгиевски – Фреди
Основното јавно обвинителство има отворено истрага за загинатиот градежен работник на компанијата „БИСИ“, потврдија од Обвиниелството за Инфомакс.
На 17.11.2023 во 15.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Пиринска“ во Скопје, на објект во изградба, при вршење работни задачи, Т.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде во 16.50 часот починал, претходно информираа од МВР.
Како што објавивме претходно, се работи за вработен во компанијата БИСИ, кој починал откако се превртел багер. На местото на настанот интервенирале екипи на брзата помош и полицијата и работникот бил пренесен во болница, каде за жал починал.
– Веднаш по настанот извршен е увид на лице место од увидни екипи на МВР и тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд. Јавен обвинител даде наредба за обдукција на телото на починатиот, велат од ОЈО.
Вчера лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, праша дали ДПМНЕ се обидува да заташка убиство на работник затоа што сопственикот на компанијата е финансиер на ВМРО-ДПМНЕ.
– Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот кој го управувал багерот кој ја копал дупката за изградба на градежен објект на улица “Пиринска”, спроти Руската Амбасада.
Нормално, се е побитно од смртта на еден човек, зацрнета една фамилија ако треба да се заташка соучество на некој симпатизер или член на Вмро. Штом е нивни човек, смртта е споредна работа. Исто онака како што беше смртта на Мартин Нешковски.
Повторно се потрудија максимално да ги прикријат погибјата на кутриот работник. Се прашувате кој е толку важен за Вмро.
Тој не бетонизира, не е урбан мафијаш, а како што слушам тој е еден од најголемите донатори на неговата партија.
Тој истиот гради и во Општина Карпош, кај бензиската во Козле, градеше и во Тафталиџе и нема ни оф ни леле, не им треба ни трева, ни дрва, ни паркинзи ниту воздух, бидејќи истиот како што велат е и бизнис партнер со еден од потпретседателите на ВМРО.
Претпоставувам нивната процена е вреди да се мижи, не со едното туку со двете очи и јазикот да се држи позади забите затоа што се работи за Ивица Георгиевски со партизанско име – Фреди.
Јавноста мора да знае. Дали е точно дека ископот се вршел без одобрение за градба и истата е изградена подоцна?
Дали е точно дека е вршен притисок врз надлежни институции да се минимизира и случајот да се стави на спореден колосек?
Дали е точно дека фрчеле пари, станови и што уште не за заташкување на смртта на машинистот?
Ајде пријатели, мераклии за камери, за двобои, лаги и разни прљавштини, отворете си ја устата и кажете затоа што ние ќе ја отвориме и ќе кажеме, напиша Јакимовски на Фејсбук.
Инаку, компанијата БИСИ е во сопственост на скопскиот бизнисмен и екс-функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски – Фреди, кој е неофицијален ортак на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Георгиевски претходно се поврзуваше со градбите на Водно на чекор до претседателската и премиерската вила, градба за која не се знае како добила одобрение за градење без да ги исполни законските услови.
Од Општина Центар за Инфомакс велат дека компанијата имала одобрение за градење.
– Градежната компанија БИСИ има правосилно одобрение за градба на објект за домување во станбени згради на улица Пиринска бр.31., К.О Центар 1, Г.П.14.6, Скопје од 15.09.2023 година, велат од Општината.
Инфомакс претходно објави фотографија од превртениот багер со кој загинал работникот. Се работи за мало багерче кое не е соодветно за работа во јама во каквашто работел починатиот. Работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови за работа и соодветна опрема и заштита за секој вработен. Доколку во овој случај работодавачот не го заштитил својот вработен соодветно, се соочува и со кривична одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…
По информациите во јавноста дека на Институтот…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…