ОЈО Скопје поведе истрага – возачот кој усмрти девојка на “Партизанска” управувал без дозвола под дејство на алкохол и на црвено светло

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 20-годишник, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственсот на неговиот татко по десната сообраќајна лента од бул.„Партизански Одреди“.
Меѓутоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.
Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО: Предлог за краткотраен притвор за 8…
Јавното обвинителство на Република Македонија сподели најнова…
Утре ќе се избираат 47 обвинители во…
На дневниот ред на 20. седница на…
Нормализиран е сообраќајот на патот Битола-Прилеп
Сообраќајот на регионалниот пат Битола-Прилеп од 21:45…
Страшна несреќа во Скопје – се судриле…
Страшна несреќа се случила денеска во Скопје.…
(Видео) Млади момчиња се снимаат како дивеат…
Млади момчиња се снимаат како дивеат по…