ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево – очекуваат резултати од мерењата кои ги изврши Министерството за животна средина

t

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.

Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска и токсична  контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот. Известување со резултатите од првичните мерења е доставено до обвинителството.

ОЈО Скопје ги очекува резултатите од извршените мерења и од надлежните служби на Министерството за животна средина.

Јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот.

Во следниот период, по создавање на услови и обезбедување на податоци за видот на складираните објекти, ќе биде наредено вештачење за да се утврди видот на контаминација и последиците од загадувањето.

До овој момент во опожарениот објект нема услови да се врши увид на лице место, а припадниците на МВР и натаму се задолжени да ограничуваат пристап на сите неовластени лица и на лица кои немаат соодветна заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО Скопје презема дејствија во врска со…

Во врска со пожарот во магацински објекти…

Д-р Филипче: Да се обезбедат медицински прегледи…

-Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е…

Синоќа горела и депонијата Дрисла – дел…

Пожарот на депонијата Дрисла повторно се активирал…

Ангелов: Пожарот во Трубарево е под контрола,…

Пожарот во скопско Трубарево е ставен под…

Меџити по партиските активности се огласи од…

Министерот за животна средина и просторно планирање,…