Ангелов: Пожарот во Трубарево е под контрола, не гори, ама силно чади

t

Пожарот во скопско Трубарево е ставен под целосна контрола по 15 часа, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

„Нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина. Делот каде се наоѓаа литиумските батерии е затрупан со песок. Пожарникарите работат на навлажнување на песокот, бидејќи иако е изгаснат пожарот, има силно чадење, оти ваквиот електронски отпад е исклучително тежок за гаснење“, рече Ангелов.

Вчера попладен се запали „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад. Овој отпад ако се запали, станува опасен, а тоа моментално се случува во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…