ОЈО Скопје претходно барало притвор за момчето што усмрти девојка на Партизанска, судот го ослободил!
Основното јавно обвинителство Скопје се огласи по повод натписите во медиумите дека Обвинителството претходно го штитело лицето кое синоќа усмрти 22-годишна девојка на „Партизанска“.
Соопштението од ОЈО Скопје го пренесуваме во целост:
– ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка. – стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…