ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП кај Мавровка

t

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот “Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и презема дејствија за испитување на настанот.

Надлежниот јавен обвинител ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Обвинителството итно отвори предмет за диверзијата во…

По информациите во јавноста дека на Институтот…

(Видео) Повторно се запали автобус на ЈСП

Автобус се запали во скопската населба Бутел…

„Очекувам истрага и кривична пријава“: Пандов доставил…

В.д директорт на Управата за извршување на…

ОЈО и ДКСК веднаш да го истражат…

Волкот го менува влакното, но не и…