Павле Трајанов бара референдум за уставните измени

t

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов предлага спроведување рефендум за уставните измени или организирање предвремени парламентарни избори.

Бидејќи се групираат повеќе политички партии, СДСМ треба да проценат дали ја имаат поддршка кај граѓаните. Треба Ковачевски да се појави пред граѓаните. Сметам дека е потребно референдум или избори, но за мене е поприфатливо предвремени парламентарни избори, рече Трајанов во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Тој го повтори ставот на партијата дека нема да испратат свои претставници во работната група  за уставните измени, која треба да почне да дебатира кон средината на месецов.

Според него, пологично е периодот септември-октомври да се организираат предвремени избори.

-За мене е проблем што ЕУ не направи отстапка за интересите на Македонија. Проблемот е што СДСМ и ДУИ ја воведоа државата во криза, кажа меѓу другото Трајанов, чија партија до неодамна беше дел од владиното мнозинство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија е можно да има референдум…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…

Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…

Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…

„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…