Објавено на:

Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и оштетени автомобили остави вчерашното невреме во Тетово и Скопје

t

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за пријава на голем број настани во врска со последиците предизвикани од невремето.

На повеќе улици на градот забележено е поплавување на голем број подрумски простории, поплавување на улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, наноси од песок, оштетени инсталации од куќи, оштетени фасади, заглавени возила, одрони на патот и други настани поврзани со невремето. За настанатата состојба известени се сите надлежни институции и истите интервенираа, интервенираат и се уште интервенираат во отстранување на последиците од невремето етапно, согласно пријавите, а секако нивните работни процедури. Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија.
ЕВН Македонија известуваат дека во моментот се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Изразено во бројки, планинските села и 60 тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатото етапно ќе биде вклучено во наредните часови.


Од Сообраќајна Полиција известуваат дека се регулира сообраќајот во градот на места каде што има поголеми штети од невремето се со цел да се обезбеди екипите да интервенираат во санирање на штетите.
ТППЕ Тетово известува дека состојбата со невремето во тетовскиот реон е смирена но моментално се работи на отстранување на последиците настаната од невремето. На терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно и континуирано се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Се интервенираше до доцна во ноќта и секако и денеска интервенциите продолжуваат се додека не се среди целокупната состојба од поплавите. Сите патни правци се проодни. На одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот. Пополека се средува и состојбата со немање електрична енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија. За настанатата состојба, а континуирано и за сите итни случаи од ЦУК и од неговиот Регионалниот ЦУК Тетово се известува Кризниот штаб на Тетово.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во невремето што го зафати територијата на Град Скопје со обилни врнежи од дожд на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнаа голем број на пријави за паднати дрва, поплавени улици во повеќе скопски населби, поплавени куќи и гаражи. Конкретно, до утрово, има 42 пријави беа за паднати дрва на повеќе локации во градот што беа веднаш известувани континуирано дежурните во ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје. Случаите за поплавените улици беа испратени до дежурната служба на ЈП Водовод и Канализација. 4 случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што опасно искрел во Зелениково и за паднати бандери беа препратени до ЕВН Дистрибуција. Настаните за оштетени возила и поплавени куќи, станува збор за приватен имот и доколку од страна на општините во наредните денови се прифатат настанатите штети истите ќе бидат дополнително пријавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување

Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…