Објавено на:

Падна првата тужба: ЕУ и Велика Британија ќе се соочат пред СТО

t

Европската унија ја започна својата прва тужба против Велика Британија пред Светската трговска организација (СТО), тврдејќи дека при доделувањето зелени субвенции ги фаворизира домашните компании.

Според Европската комисија, критериумите што ги користи британската влада за доделување субвенции за проекти за изградба на ветерници на море се во корист на британските компании.

„Ова го прекршува основниот принцип на СТО дека увозот мора да биде способен да се натпреварува на еднаква основа со домашните производи и им штети на добавувачите на ЕУ, вклучително и многу мали и средни претпријатија, во секторот зелена енергија”, соопшти ЕК во понеделникот.

Истовремено, ваквата пракса ќе ги зголеми трошоците за производство и може да го забави воведувањето на зелена енергија, предупредуваат тие.

Европската унија испрати формална жалба до Велика Британија, но не доби задоволителен одговор, посочуваат од Брисел.

Споровите пред СТО започнуваат со формални 60-дневни консултации на конфликтните страни. Доколку не го реши спорот со Лондон, ЕУ може да побара пресуда од панелот на СТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Главчев за Македонија: Не е нормално земја…

„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…

Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…