Објавено на:

Пакистанскиот премиер Шариф ѝ одобрил на војската соодветно да одговори на индиските воздушни напади, во кои загинаа 26 луѓе

t

Канцеларијата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф објави дека војската на Пакистан добила овластување да преземе соодветна акција по вчерашните индиски воздушни напади, во кои загинале најмалку 26 луѓе.

„Пакистан има целосно право да одговори силно на овој воен чин. Пакистанската нација и пакистанските вооружени сили многу добро знаат како да се справат со непријателот. Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во своите злобни цели“, кажа премиерот Шариф.

Индија ги нападна Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир во најголемата ескалација помеѓу двете нуклеарни сили во изминатите децении, што беше одговор за неодамнешното убиство на 26 туристи во индискиот Кашмир, за што беа обвинети пакистански милитанти. Индија тврди дека погодила девет мети, опишани како терористичка инфраструктура, додека Пакистан објави дека соборил пет индиски борбени авиони за време на нападот.

„Разузнавањето и следењето на терористичките групи со седиште во Пакистан покажаа дека се спремаат нови напади против Индија, па беше неопходно да се преземат превентивни напади. Во ноќешните напади се погодени терористички тренинг кампови и терористи кои веројатно би биле испратени преку границата. Нашата акција беше одмерена, пропорционална и одговорна, а не ескалирачка“, кажа шефот на индиската војска Судхир Чамоли.

Пакистан кажа дека во нападот биле погодени шест локации и ниедна не бил воен камп. Портпаролот на пакистанската војска изјави дека загинале 26 цивили, од кои седум деца, а 46 се ранети. Меѓу загинатите се десетмина роднини на лидерот на една исламистичка група.

Пакистан соопшти дека нападите биле извршени од индиската страна на границата и дека пакистанските авиони не влегле во индискиот воздушен простор.

Од 1947, Индија и Пакистан водеа две војни за Кашмир со мнозинско муслиманско население, за кој двете страни тврдат дека е нивни и делумно го контролираат. Од прекинот на огнот во 2003, на кој двете земји повторно се обврзаа во 2021, нападите помеѓу соседите беа исклучително ретки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први ефекти од војната меѓу Израел и…

Се уште е неизвесно дали воениот конфликт…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…