Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит во обвинителството, по околу 20 дена од неговата екстрадиција во земјава пренесува Телма. Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски ќе се соочи со доказите на обвинителството за случајот. Претходно се вештачеа предметите кои тој ги донесе со себе по спроведувањето од Турција, а меѓу кои имало и документи.
Палевски беше екстрадиран на 15 мај и од аеродромот заврши зад решетки Шуто Оризари, бидејќи му беше определен притвор во отсуство. За прв пат со јавноста се соочи по неколку дена кога во Кривичниот суд се произнесе за околностите за неговиот притвор. Тој изјави дека е невин, дека не бил во бегство и дека нема да се брани со молчење.
Истрагата за Палевски може да трае максимум 6 месеци, по што би требало да се поднесе и обвинителен акт.
Се очекува оваа постапка потоа да се спои со судењето против другите обвинети, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. Тие се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањето и убиствата. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Обвинет е и нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, кој се товари дека помогнал во грабнувањето на неговата ќерка. Тој тврди дека е невин, а неговата одбрана дека нема докази за делото за кое се товари.
Како организатор на грабнувањата и извршител на убиствата, обвинетите при нивното приведување го посочија Палевски, кој тврди дека е невин и дека нема да се брани со молчење. Во меѓувреме се чека да помине рокот од 8 дена за приговор на обвинението за потоа Кривичниот суд да го одобри истото и во рок од 30 дена и да се закаже рочиште за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…
Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…