Палевски повторно бара изземање на тројца обвинители: Тврди дека фалсификувале докази и се пристрасни
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, денеска повторно побара изземање на Обвинителите во случајот, како што вели тој поради пристрасност.
– Барам изземање на тројца јавни обвинители, согласно член 33 став 2, за пристрасност, но му предочувам на судот, овојпат друга околност. Повторно злоупотреба на јавнообвинителски овластувања, а се бара изземање на Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски. Причини и околност се фалсификување на податоци за да може да изготват фалсификуван доказ под реден број 180, телефонска анализа од 13.05.2024, а со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред судот да лаже. Потписник и бришач на податоци е истражител Златко Никовски, но и наменски во анализата не постои денот 28.11.2023 година, анализа од 22 до 03.12.2023 без денот 28.11 за да може сведокот комотно да лаже. Доказ за сторениот криминал се четири докази на ОЈО и шест од вештачење на мојот телефон на 18.07.2024 година.
Доказ број 1, извештај од Македонски телеком за комуникација на мојот телефонски број 071491130 и базни станици со вкупно 120 страни за период од 10.09.2023 до 10.12.2023. Во овој извештај само на страница 36 каде се податоците за базни станици за критичното време 22.11.2023, кога е убиен Панче Жежовски, полињата со податоци за базни станици се празни.
Доказ број 2, во истиот извештај на страница 39, податоци за 28.11.2023, повторно после 13 часот до 22 часот не постојат податоци за базни станици. Постои комуникација, но со празно поле за податоци за базни станици, поточно каде се наоѓа телефонот.
Доказ број 3 е на единицата за криминалистичко разузнавање и анализа на СВР Скопје, по наредба на ОЈО Скопје изготвила 35 табели каде се систематизирани податоците од Телеком и на 11.03.2024 на ОЈО Скопје. Една табела со ознака прилог бр.21, телефонски број 075605123, кој го користела Вања Ѓорчевска, сите базни станици и број на комуникации за период од 10.09.2023 до 10.12.2023. Тоа се податоци од кои се гледа податоци за телефон од неколку месеци.
Доказ број 4, табела на единицата за криминалистичко разузнавање и анализа на СВР Скопје, табела на двојниот убиец Љупчо Палевски, табелата е празна, ниту еден податок за базни станици. Зошто за ОЈО Скопје се проблем податоците од мојот телефон? Сведокот Османи сведочеше дека сервисот на неговиот котел обвинетиот Палевски не го правел на 22.11.2023, туку на 28.11.2023, ден кој не е анализиран во телефонската анализа. Сведочеше дека сум пратил порака „подобар сум, доаѓам“, потоа изјави дека за 30-40 минути сум пристигнал во неговиот дом во Бутел, тоа е 12 часот и 20 минути, а на прашање на одбраната одговори дека сервисот траел еден час.
Сето ова, исказот, телефонската анализа е правено во мај, а не предвиделе дека по мојата екстрадиција од Турција, ќе го отклучам мојот телефон за да биде вештачен. Вештачењето е правено во јули, по наредба на ОЈО Скопје, од кое вештачење ви го прилагам доказот број 5, а тоа е комуникација со З.К, Сиднеј, Австралија, на 28.11.2023, во токму тоа време.
Потоа, комуникација со Ј.Б, кој на 28.11.2023 ми ѕвони на Телеграм, во 12.39 часот му праќам порака со содржина, „во живо сум, поткаст“.
Комуникација со С.Д, која објаснува зошто се бришани и манипулирани моите базни станици, на 28.1.2023 после 14 часот, во најголемата гужва јас сум во Фиат добло, во правец на Алкалоид, Автокоманда, каде може да се види дека после поткастот праќам порака „доцнам 5 минути“. Оваа комуникација не постои во извештајот, но постојат базни станици кои се избришани.
Палевски наведе и останати, како што вели тој докази, дека обвинителите се пристрасни.
– Периодот кога сведокот сведочеше дека сум поправал котел, може да се види дека сум бил во живо на поткаст, истакна Палевски кој побара изземање на Обвинителите.
Главната расправа продолжува во фаза на доказна постапка, со изведување на материјални докази од стран на Обвинителството.
Застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, претседател на судечкиот совет е судијата Ивица Стефановски.
Сите детали од процесот можете да ги следите на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…