Палестина бара прекинот на огнот да се прошири и на Газа
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска повика прекинот на огнот постигнат меѓу Иран и Израел да се прошири и на конфликтите во Појасот Газа.
Во соопштението од канцеларијата на претседателот Махмуд Абас, објавено од официјалната новинска агенција Вафа, се изразува поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување прекин на огнот.
„Палестинското претседателство го поздравува објавувањето на договорот за прекин на огнот од страна на претседателот Трамп. Бараме овој чекор да се заврши со воспоставување прекин на огнот што ќе го вклучи и Појасот Газа“, се вели во соопштението.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека прекинот на огнот е на сила меѓу Израел и Иран и дека сите израелски авиони што се упатуваат кон Иран ќе „се свртат и ќе се вратат дома“.
Тој им рече на новинарите во Белата куќа дека е „многу незадоволен“ и од Израел и од Иран по повеќекратните тврдења за прекршување на прекинот на огнот утрово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палестина бара прекинот на огнот да се…
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…
Иранскиот претседател вели дека ќе го почитува…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека ќе…
Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…
Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…
И Германија го повика Иран да разговара…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повикува Иран…