Пандов: Ниту куче ниту човек „со три чисти“ не би издржал во притворското одделение во затворот „Скопје“

t

Ниту куче ниту човек „со три чисти“ не би издржал во притворското одделение во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Ваков впечаток стекнал в.д. директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, откако вчера првпат влегол во посета на притворското одделение во Шутка.

„Првпат влегов во притворскиот дел од затворот. Таму куче да врзеш, мислам дека за краток период ќе попушти и со здравје, и со мозок, и со сè. Таму има ќелии што се под секое човечко достоинство. Па, тоа на филм го немам видено во одредени ќелии каде што влегов, сега се наежив повторно, тоа е под секое човечко достоинство. Срамота е што како држава што тоа сме го дозволиле, тоа е страшно. Да ве внесат таму, нормален здрав човек, со ‘три чисти во глава’, за краток период ќе попушти. Мене сето тоа што ми го имаат говорено, за жал, во минатиот период, многу имавме ние од ВМРО политички осуденици кои со месеци или години одлежаа по тие ќелии. Тоа е срамно за нас како држава и треба на ДУИ и на СДСМ да им е срам што дозволиле луѓе тоа да го поминат“,кажа Пандов при денешната посета во КПУ „Идризово“, каде што беше пуштено во употреба реновираното Петто одделение.

Коментирајќи ги условите во затворите, в.д. директорот на Управата кажа дека не е чудно што и судија признал вина и се спогодува, само за да лежи помалку, алудирајќи на актуелниот случај со врховниот судија Наке Георгиев.

Пандов вели дека има затвори ширум земјава кои се во добра кондиција, каде што никој никогаш не се осудил да избега, но, конкретно за „Шутка“, вели дека многу малку е инвестирано, па дури има и делови што не се оградени во целост.

„Или, едноставно, нема ограда или е ниска оградата од еден метар – метар и половина, само човек што не сака да излезе, нема да излезе од него. Ако некој има намера да избега оттаму, може да избега. Сè уште секојдневно го решаваме ова, час поскоро да го оградиме со што е можно повисока жица и да биде покриено со камери“,кажа тој.

Лошите услови се само еден од проблемите во затворите низ земјава, вели Пандов. За него, проблем се и вработувањата, зашто од 200 до 300 затворски полицајци недостасуваат низ затворите.

Во однос на бегствата, појасни дека не станува збор за класични бегства, туку дека се работи за затвореници што имаат одредени погодности, но по искористувањето, на пример, на слободните викенди или часовите за отсуство, или не се враќаат навреме или воопшто не се појавуваат назад.

Во однос на 23-те бегства од затворот во Струмица, Пандов посочи дека тие луѓе не биле евидентирани навреме. 18 се во бегство од 2020 година, а неколку од нив во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пандов: Ниту куче ниту човек „со три…

Ниту куче ниту човек „со три чисти“…

МВР потврди дека поранешниот ОВК војник побегнал…

Министерството за внатрешни работи потврди дека од…

Зеленски го одобрил планот за минирање на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски првично го одобри…

Се помалку украински војници во регионот Курск:…

Непријателските сили во Курската област секојдневно се…

Поврат на пари од „Мој ДДВ“, чекајте…

Повратот на данок, во рамки на проектот…