МВР потврди дека поранешниот ОВК војник побегнал од куќен притвор, СДСМ прашува дали е намерно пуштен

t

Министерството за внатрешни работи потврди дека од куќен притвор побегнал поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, од Косово, за кого Република Србија има распишано потерница и бара екстрадиција. Oпозициската СДСМ реагираше за случајот и праша дали власта намерно го има пуштено Рамадани да избега.

„Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне. Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?“ велат од СДСМ.

Блерим Рамадани беше уапсен во јули годинава на граничниот премин „Јажинце“ врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од страна на Република Србија. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…