Паника на пумпите во Србија: Возачи точат до врв, а бројките секој ден одат нагоре!
Горивото станува тема број еден кај соседите. На бензинските пумпи низ Србија се бележи нагло зголемена побарувачка – возачите ги полнат резервоарите до максимум, а дел од земјоделците купуваат дизел во канти и буриња, стравувајќи од нови поскапувања.
Сопственичката на бензински пумпи Јелена Радун изјавила дека граѓаните не чекаат – точат веднаш, а некои однапред нарачуваат количини што подоцна им се доставуваат. Таа посочила дека расте притисокот и во големопродажбата, каде што се инсистира да се почитува договорената месечна динамика на испорака.
Според неа, набавната цена на дизелот скокнала од 181 на 195 динари за литар, што е разлика од 14 динари за краток период. Ако се пресмета законската маржа, малопродажната цена би можела дополнително да се зголеми во наредните денови.
И сопственикот на синџирот пумпи Кнез Петрол, Срѓан Кнежевиќ, потврдил дека побарувачката е во пораст – околу 15 проценти на малопродажно ниво, додека на големо растот достигнува и до 35 проценти. Во само неколку дена, цените на дизелот и бензинот се коригирале повеќепати.
Сопствениците на пумпи очекуваат потег од Владата, но додека сите ја чекаат следната одлука, бројките на ценовниците продолжуваат да се менуваат речиси секој ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паника на пумпите во Србија: Возачи точат…
Горивото станува тема број еден кај соседите.…
(Видео) Хегсет: Иран се обиде да го…
Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави,…
Три постапки за развод и две пресуди…
Три бракоразводни постапки воделе сопружниците Стојанче Јовановски…
Ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците:…
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…
Еден осомничен за ширење омраза кон македонската…
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по…